Остатоци од снег на коловозите - задолжително имајте го ова во возилото, казните се големи

 

 

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози, а на некои од повисоките места во западните и југозападните делови од државата има остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Охрид, Струга, Крушево, Штип, Делчево, Железнец и на планинските превои Буково, Ѓавато и Пресека. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.

Од АМСМ потсетуваат дека задолжително е поседување на зимска опрема во возилата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

 

 

 

10.12.2017 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега