Шпаркасе Банка: Никој од вработените не им помогнал на крадците


По веста дека вработен помогнал на дватцата крадци во Шпаркасе Банка, реагираа од банката со објаснување дека до сега нема индикации дека вработени лица помогнале во постапката.

- „До сега немаме индикации и сознанија за вклученост на вработени лица од Банката во пријавените инциденти. Покрај постапката која ја водат надлежните органи, случајот се истражува и од страна на секторот за внатрешна ревизија на Банката. Клиентите се на прво место и ги преземаме сите активности во насока на ефикасно разрешување на пријавените инциденти", велат од банката.

За потсетување, од МВР информираа дека пет лица пријавиле дека им фалат предмети и пари од сефовите на банката.

 

 

 

 

 

 

08.12.2017 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега