Истрага на АКМИС системот: Судските предмети се делеле на рака во кривичниот и врховниот суд

По првиот дел од увидот за функционирањето АКМИС системот кое денеска го изврши Министерството за правда утврдено е дека предметите во Кривичен суд се делеле на рака.

Годишниот рапсоред за 2016 и 2017 година бил менуван често и не е испочитувана процедура. Десет пати е менуван распоредот на судии во Кривичниот суд во овие две години од кои само во септември 2016 година три пати бил менуван распоредот на судиите. . Не се користело автоматско распределување на предметите туку тоа е рачно правено. При увидот е констатирано е дека 860 предмети воопшто не добиле судија. Исклучувањето на судиите се правело без посебна причина, само со телефонско јавување од страна на претседателот на судот во судската писарница.

Во Врховниот суд исто така составот на судиите бил менуван често, само во септември 2017 година девет пати биле менувани судиите.

Министерот Биљен Салији кажа дека на овој начин не се добивал случаен избор на судија, туку намерно се поставувале конкретни судии за одделени предмети.

 

 

 

07.12.2017 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега