Презентација на извештајот од проверката на АКМИС во судовите
Во Министерството за правда денеска ќе бидат презентирани наодите, односно недоследностите констатирани од увидот во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот Деловник во судовите.
На презентацијата ќе се обрати министерот за правда Билен Саљији.
Работна група од Министерството за правда досега изврши проверки на АКМИС системите во Врховниот, Апелацискиот суд Скопје и во Кривичниот суд.
Во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе беше констатирано дека постојат индиции за злоупотреба на АКМИС-системот, кој како систем ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отвoрање на предметот преку негово доделување, било да е кривичен, прекршочен, граѓански и други.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа