Владата ќе прати хуманитарна помош за поплавите во Албанија

 

Владата одлучи да испрати хуманитарна помош во Албанија, откако било доставена информација за ситуацијата после поплавите, во амбасадата во Тирана.

- Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог-решение за испраќање хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите- пишува во соопштението.

Поројните дождови предизвикаа големи штети во Албанија. Под вода се најдоа голем број на училишта , мостови, патишта и други инфраструктурни објекти, и семејни куќи.

 

 

 

 

06.12.2017 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега