На скопјанец му го „здиплиле" БМВ-то додека пазарел

Во 21 часот синоќа, 31-годишниот О.М. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20 часот и 40 минути на улицата „Аминта Трети“ од страна на непознато лице му било одземено патничко возило „БМВ“.

Сторителот го искористил невниманието на скопјанецот и додека тој бил во продавница, а возилото му работело со клучот на бравата, влегол во него и незабележан од никого го напуштил местото на настанот.

На тој начин сторителот се стекнал со  900.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

05.12.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега