Крадел радијатори и болјери од хотел во Ресен

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе две кривични пријави, против 19-годишниот М.Ш. од Струга и против 33-годишниот Н.С. од Ресен за тешки кражби.

М.Ш. во селото Лавци, со употреба на хебла насилно влегол во три куќи и предизвикал вкупна материјална штета од 370 000 денари.    

Н.С. во повеќе наврати преку влезната врата влегувал во хотел „Китка“ во Ресен, и со одвртување и сечење одзел околу 80 радијатори, а од кујната одзел два бојлери на струја од 80 литри, електричен шпорет, алуминиумски лонци, алуминиумски чајници, росвајтни чаши и друг кујнски прибор.

Пријавениот одземените предмети ги продавал во Ресен и Охрид, а со преземените дејствија предизвикал вкупна материјална штета од 120 000 денари.

 

 

 

05.12.2017 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега