Петровски: Има луѓе во партијата кои сметаат дека треба да се кандидарм за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

 

Филип Петровски вели дека има луѓе од партијата кои сметаат дека треба да се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вчера за Телма изјави дека размислува за оваа опција.

- Јас не сум кандидат. Има луѓе кои сметаат дека треба тоа да го направам. Не сум одлучил. Ако проценам дека тоа е во интерес на партијата, тогаш да, но ако тоа би довело до компликација на нештата, тогаш не би се кандидирал - вели Петровски.

Во јавноста се шпекулира со многу имиња, но од ВМРО-ДПМНЕ не може да се добие никаква официјална информација. Се што се добива како одговор на прашањето е дека одлуките ќе ги носат партиските тела и дека секоја информација која излегува во јавност е класична шпекулација.

Дел од медиумите како кандидати веќе ги видоа Антонио Милошоски, Никола Тодоров, Никола Попоски и Христијан Мицковски.

 

 

 

05.12.2017 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега