Комисијата за финансирање сепак ќе заседава за буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 13 часот ќе ја продолжи седницата на која се расправа по Предлог-буџетот за 2018 година. Новото продолжение го закажа пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски кој го назначи претседателот на Собранието Талат Џафери да претседава со Комисијата откако претседателката на ова собраниско тело Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ повторно го одложи закажаното продолжение за денеска претпладне.
 
Комисијата за финансирање и буџет ја почна расправата оо Предлог-буџетот за 2018 година минатиот понеделник на 27 ноември и оттогаш беа закажани неколку продолженија кои не се одржаа. Кузмановска ја одложува седницата на Комисијата за Буџетот по акцијата за приведувања во врска со насилството во Собранието на 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници од нејзината пратеничка група.
 
Расправата по Предлог-буџетот во Комисијата според Деловникот трае 10 работни денови. По предложениот текст поднесени се 279 амандмани. По завршување на расправата во Комисијата предлогот се испраќа на пленарна седница каде се расправа пет работни денови.
 

 

 

05.12.2017 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега