Пукната цевка го остави половина Аеродром без вода

Голем дефект го остави половина скопски Аеродром без вода за пиење. Корисниците во овој дел на Скопје без вода останале уште во текот на вечерта вчера.
Вода немало ни утрово.
Од Водовод велат дека станува збор дефект и дека вода ќе нема до 15 часот.

„Почитувани, во врска со дефектот на бул. Видое Смилевски - Бато, раскрсница со Бул. Србија, каде без вода е високата зона во Аеродром и Ново Лисиче, од информациите од терен, се работи за пукната цевка Ф400, се работи интензивно на санирање на дефектот. Се очекува да се санира дефектот до крајот на работното време, околу 15:30 часот.“ – стои во информацијата од Водовод.

Корисниците во Аеродром, но во ниската зона вода немаа и во текот на претпладнето од вчерашниот ден. Прекинот траеше неколку часа.

 

 

 

05.12.2017 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега