Претседателот Иванов во посета на касарната во Велес
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, во придружба на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, денеска ќе ги посети единиците на АРМ во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес, каде официјално ќе биде отворен Центарот за симулации во Командата за обука и доктрини (КОД).
На настанот ќе присуствува и амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли и претставници од министерството за одбрана на Република Македонија. Иванов, како што соопштија од АРМ, ќе ги обиколи и сместувачките и капацитетите за обука на КОД, при што ќе ги посети војниците кои се наоѓаат на доброволно служење на воениот рок и ќе се запознае со условите за нивниот престој и работа, а ќе ги посети и слушателите на тековниот курс за први подофицери.
Воедно, од страна на КОД пред присутните ќе биде презентирана и воено стручна литература која е изработена како дел од активностите за одбележувањето на 25 години од формирањето на АРМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа