ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека обезбедувањето на Груевски не дозволило доставување на судска покана

 

Веста дека обезбедувањето на претседателот Никола Груевски не дозволило доставување на поканата за судско рочиште во врска со предметот Титаник е лага, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено обезбедувањето на претседателот Груевски го информирало доставувачот дека претседателот не е во домот во тој момент и не станува збор за никакво попречување. Оваа вест претставува груба лага која има за цел манипулација на јавноста и дефокусирање од политичкиот прогон и реваншизмот кој го врши власта врз политичките неистомисленици, потенцираат од партијата.

 

 

 

04.12.2017 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега