Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Закажан вонреден Конгрес - осудени судските постапки

 

Вонредниот партиски Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 23 декември, решил денеска Извршниот комитет на партијата.

„Согласно статутот на партијата, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да му предложи на Централниот комитет на следната седница да отпочне процедура за организирање на вонреден Конгрес на партијата на 23 декември 2017 година.“ - стои во партиското соопштение

Од ВМРО-ДПМНЕ ги осудуваат последните случувања по кои 22 лица завршија во притвор а 6 пратеници без имунитет.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница најостро ги осуди политички монтираните обвиненија за тероризам и неоснованите притвори кои им беа изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27-ти април.

 

Злоупотребата на државните институции кои под политички притисок на власта упаѓаа во домови и ставаа лисици на пратеници е акт на терор и газење на демократијата.

Извршниот комитет заклучи дека ваквото безумие од страна на СДС ја турка државата во уште подлабока криза и затоа мора да се преземат идни чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и политичкиот реваншизам.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

 

 

04.12.2017 - 00:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега