ДУИ го поздравува епилогот во случајот „Монструм“
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја поздравува одлуката на Врховниот Суд за повторно судење на случајот Монструм и ослободување на обвинетите да се бранат со слобода.
Барањето на обвинителството, како и одлуката на судиите се праведни и во согласност со нашите и очекувањата на граѓаните - пишува во нивното соопштение
Уште од почетокот на истрагата, и потоа и на судењето на случајот, Демократската Унија за Интеграција инсистираше на целосно осветлувањето на вистината, транспарентно судење на случајот со истакнат меѓународен мониторинг и регионална соработка на институциите- велат од таму.
Остануваме силно посветени за реформи во судството според препораките на Европската Унија и за владеење на правото и законот и во сите други спорни случаи кои предизвикаа сомнежи за сите нас- истакнуваат од ДУИ.
Изразуваме жалење и аверзија за злоупотреба од страна на албанските политички партии во нивните реакции на овој посебен ден и оваа добра вест. Политичката злоупотреба со судбината на луѓето и непридонесувањето за решавање на спорните прашања се заменува со навредлива, разделувачка и поттикнувачка реторика.За ова, граѓаните ја прават најдобрата и најправедната проценка - се вели во соопштението од партијата.
02.12.2017 - 14:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа