Џафери: Пратениците имаа осум месеци да избегаат, зошто сега притвор?
Ако целта на мерката лишување од слобода, односно притворање, е со намера да се попречи можноста некој да избега или да влијае на сведоци, зошто тоа се прави осум месеци потоа, а тие никој од нив ниту избегал ни пак го повторил делото, изјави вчера вечер за ТВ Телма Талат Џафер.
-Според законот, мерка притвор се изрекува за да се обезбеди лицето да може да даде изјава пред судот и да не влијае на сведоците, да не може да го повтори делото и да не избега од правдата. Ако и после осум месеци ниту една од овие околности не настапила, во што е смислата на мерката притвор за тие лица. Знам дека е тоа работа на судската власт, но дилемата е во процедурите апропо случувањата. Не знам дали процедурите беа прекршувани, но тоа е моја дилема, изјави Џафери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа