Андоновска: Хунтата на СДС срамно ги распродава македонските национални интереси

 

Хунтата ветуваше реформи, ветуваше економски пораст, живот во Македонија. но, единствено ветување кое истите го исполнија е ветувањето на нивниот лидер Зоран Заев дека ќе јадат живи луѓе, истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот партиски протест пред Кривичниот суд во Скопје.

-Нема реформи, економијата тоне, наместо живот во Македонија донесоа мрак. Македонија во моментов ја водат неспособни луѓе и тие тоа сакаат да го прикријат. Свесни се за својата немоќ и што е најстрашно истите тие луѓе во моментов ја распродаваат македонската историја, срамно ги распродаваат македонските национални и државни интереси и вршат груба опструкција и грубо се спротивставуваат на сите оние кои мислат поинаку од нив сакајќи да наметнат теза дека е грев во Македонија да се сака сопствената земја. Тоа нема да го дозволиме, доста е, премногу е, ќе се соочат со македонскиот отпор, истакна Андоновска.

Таа посочи дека на 27 април се бранел уставниот поредок на Република Македонија.

-Оние браќа и сестри кои сега се притворени и се нарекуваат терористи, истите ја бранеа Македонија и го бранеа уставниот поредок. Наспроти тоа хунтата мора да даде одговор во која друга земја се пее химна на друга држава во Собранието, во која друга земја на таков нелегитимен начин се избира претседател на Собранието? Во која друга земја може да кршите да демолирате, да рушите и палите државни институции, а за истото да не одговарате? Немаат одговор. Сакаат да го замолкнат и заплашат народот, да се повлече за тие да можат да си ја реализираат антимакедонската програма која ја имаат, нагласи Андоновска.

 

 

 

01.12.2017 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега