Супер трик кој ќе ви помогне да заспиете за една минута

Доктор  Ендру Веил, школуван на Харвард, е голем заговорник на техниката на дишење „4-7-8" која ги опушта мускулите и ги чисти мислите, а се темели на древна индиска пракса, пренесува Daily Mail.

Станува збор за едноставна и кратка техника на дишење која помага во телото да влезе повеќе кислород што ги чисти мислите од стрес и ги опушта мускулите, а може да се примени и во текот на денот.

Понекогаш ниту топлата купка, чај од камилица или броење на овци не помагаат да потонеме во сон иако сме многу уморни.

Тоа се случува поради брзиот начин на живот и стресот кој не дозволуваат на мислите да се смират туку забрзано циркулираат во мозокот токму кога треба да заспиеме. Кога не сме опуштени во мислите и нашето тело е во грч, тешко е да се има мирен сон.

Др. Ендру Веил, школуван на Харвард, е голем заговорник на техниката на дишење „4-7-8" која ги опушта мускулите и ги чисти мислите, а се темели на древна индиска пракса, пренесува Daily Mail.

Со оваа техника се постигнува повеќе кислород да влезе во белите дробови и со тоа во целото тело, кое се опушта. Др. Веил ја препорачува оваа техника не само пред спиење, туку и во текот на денот кога сме под стрес.

Спиење за 60 секунди:

1. Издишете го во целост воздухот низ уста со гласно шиштење

2. Затворете уста, вдишете тивко воздух низ нос и во мислите бројте до четири

3. Задржете го здивот и бројте до седум

4. Повторно издишете го во целост воздухот низ уста со гласно шиштење и тоа нека трае осум секунди.

5. Вдишете и повторете го циклусот три пати за вкупно четири вдишувања.

 

 

 

30.11.2017 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега