Појадокот е неизбежен, но не јадете било што - избегнувајте ги овие намирници

 Сигурно многу пати сте слушнале дека појадокот е најважниот оброк во денот. Најлош појадок, може да се каже дека е оној кој го нема, бидејќи многу истражувања докажале дека лицата кои го прескокнуваат појадокот прават штета на своето ментално и физичко здравје.

Избегнувајте ја брзата храна за појадок.

 - Имаат помалку енергија

 - Имаат пократка меморија од оние кои појадуваат

 - Имаат 450 проценти поголеми шанси да се здебелат

  - Имаат 21 процент поголем ризик да заболат од дијабетес

Овие податоци се прилично убедливи причини да започнеме да појадуваме. Но, не било што. Исто така, лош појадок е високо калоричен сендвич.

Овошен јогурт и сокови

Соковите кои ги купувате по маркети се полни со шеќери и адитиви. Ваков појадок набрзина ќе ви даде енергија но и брзо ќе ви ја одземе. Ако сакате да го започнете правилно денот, тогаш земете чаша свежо исцеден сок од портокал, или наместо овоѓен јогурт изберете изберете кефир или јогурт  со кришка печен леб со мармалад.

Темпирана бомба во печивото

Додека наутро брзате на работа, сендвич или некој пекарски производ е вообичаен појадок. За жал, новите истражувања покажале дека високо калоричните сендвичи за појадок, се лоши за нашето срце.

Тестирањето се правело со консумација на сендвич од еден познат бренд за брза храна кој содржи 50 грама масти и 900 калории.

Резултатите покажале дека само еден масен оброк кој го појадуваме може да има непосредни негативни последици за нашите артерии.

 

 

 

30.11.2017 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега