При реставрација на кип со Исус Христос откриена мистериозна белешка од 18 век (видео)

Додека го реставрирале дрвениот кип на Исус Христос од 18 век во црквата Санта Акуеда во селото Солито, на север од шпанската провинција Бургос, пронајдена е чудна белешка од 1777 година.

Овој запис говорел за тогашното време , економија, локалните жители, за познатите и верските прашања и уште неколку теми.

Се верува дека оваа белешка во задниот дел од кипот на Исус, го скрил свештеникот Јоаким Мингез кој служел во шпанската катедрала.

- Документот од 18 век го најдовме кај грбот, кога го симнувавме Исус- рекла реставраторката Гема Рамирез.

Кога ја извадиле ткаенината од грбот на кипот, имало мал отвор во кој го пронашле ливчето.

Сепак тврдењата на Гема за белешката сеуште не ги потврдиле, историчари и археолози.

 

 

 

 

30.11.2017 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега