Саша Поповиќ загрижен: Лукас сака да го напушти жирито, но има еден услов за да остане

„Ѕвездите на Гранд“ важи за едно од најпознатите музички натпреварувања на овие простори, а за многу од тоа се заслужи и членовите на жирито.

 

Токму поради тоа сите ги шокира информацијата дека Аца Лукас го напушта „Ѕвездите на Гранд“ и дека таа одлука е конечна.

 Како што зборува еден од соговорниците близок до Лукас, за да остане во жирито, пејачот бара хонорар и доколку Саша не се согласи на тоа, Лукас дефинитивно нема да го гледаме на белото столче во ова музичко натпреварување.

„Тој без добар хонорар сигурно нема да остане во жирито така што тоа е единствениот услов за останување. Тој има цифра што ја бара и под неа сигурно нема да прифати да остане. Конечниот договор ќе падне во наредните три дена максимум“, вели изворот.

Аца Лукас засега се нема огласено на оваа тема.

 

 

 

30.11.2017 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега