Десет популарни имиња кои се инспирирани од зимата

Зимата е едно прекрасно годишно време кое се поврзува со снег, белина, Божиќ и Нова година. Воедно, тоа се и поимите кои често се инспирација при одбирање на детските имиња.

Кои се десетте имиња кои вечно се поврзани со зимата?

Никола- Ова е едно од најпопуларните имиња во светот и често го добиваат децата родени во декември. Потекнува од античка Грција, а значи „победа на народот“. Свети Никола најчесто е причината поради која луѓето се решаваат да му го дадат ова име на своето дете. Друга верзија на Никола е Нико, но и Николина.

Ноел- Прекрасниот фрацуски збор „ноел“ буквално значи Божиќ.

Рудолф- Ова е германското име на најпознатиот помошник на Дедо Мраз, Рудолф кој има црвен нос.

Габриел- Ова е одличен избор на име за момчиња родени околу Божик. Габирел бил англеот кој и навестил на Марија дека ќе го роди Исус. Значењето на ова еврејско име е „Бог е мојата сила“.

Женската варијанта на ова име е Габриела.

Кристијан- Кристијан значи следбеник на Христа, а еднакво популарна е и женската варијанта која постои од средниот век, Кристина.

Луми- Ова е фински збор за снег.

Нева- Нева има латинско потекло и значи „снег“.

Бланка- Бланка е симбол на белина, зима и снег.

Луција- На латински зборот „лукс“ значи светлост.

Елса- Во последните години ова име е популарно поради цртаниот филм „Снежното кралство“.

 

И нормално да не го заборавиме женското име Снежана, кое највеќе од сите асоцира на снег и зима.

 

 

 

30.11.2017 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега