Вооружен грабеж на банка во Охрид

Вооружено маскирано лице денеска извршило грабеж во банка во Охрид 

Според полициското соопштение, разбојникот во 10 часот и 47 минути со оружје во рака и капа на главата влегол во филијалата на „Силк роуд банка“ лоцирана на пресекот на булеварот „Македонски просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид.

Притоа тој пришол до шалтер на банката и од вработените побарал да му бидат предадени сите пари. Банкарските службеници на непознатиот сторител му предале околу 50 илјади денари, по што разбојникот излегол низ влезната врата и заминал во непознат правец.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид под водство на јавен обвинител и полициски екипи, а службеници на Секторот за внатрешни работи Охрид преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „разбојништво“.

 

 

 

30.11.2017 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега