Општината ќе помогне на семејствата од Злокуќани чии домови изгореа вчера

Три куќи вчера изгореа во голем пожар кој беснееше во населбата Злокуќани, а Советот на Општина карпош денеска реши финансиски и материјално да ги обештети семејствата.

- „На двете семејства кои претрпеа огромна материјална штета, Општината ќе им обезбеди парична помош, а за третото ќе обезбеди градежни материјали бидејќи се работи само за опожарување на покривот на куќата. Со цел да им помогне на своите сограѓани, Општина Карпош исто така ќе повика повеќе компании и приватни стопанственици да се приклучат кон апелот за помош на семејствата, чии домови настрадаа во синоќешниот пожар“, велат од Општината, пренесе Макфакс.

На седницата на Општината беше утврден и  престанокот на мандатот на Душко Весковски, како досегашен член и претседател на Советот на Општина Карпош, а на негово место дојде Андреј Манолев.

Елена Антониевиќ е именувана за нова советничка.

 

 

 

30.11.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега