Фалсификувани дански круни кружат во Тетово

Два случаи на користење на фалсификувани банкноти од илјада дански круни биле пријавени во полицијата во изминативе денови, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првиот ваков случај бил пријавен во понеделникот од страна на 63-годишниот М.С. од Ттеово, според кој непознато лице од него побарало да купи шест штеки цигари и му платило со банкнота од 1.000 дански круни.

Вториот случај бил пријавен вчера од страна на 27-годишниот Б.Р.од тетовското село Лешок. Според неговата пријава во вторникот околу 20 часот на бензинската пумпа на регионалниот пат Тетово – Јажинце каде работел дошло непознато лице кое купило глицерин, масло за возилото и антифриз а вкупната сума од 1.070 денари ја платило со банкнота од 1.000 дански круни по што му биле вратени 7.130 денари. 

Од СВР Тетово апелираа до граѓаните и особено трговците во продавници, бензински пумпи или на отворените пазари да внимаваат кога купувачите на нивните производи или корисниците на услуги што ги нудат им плаќаат со странски валути.

 

 

 

30.11.2017 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега