Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Не даваме легитимитет на одлуката за имунитетите

 

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека денешната денешната одлука на Комисијата за деловничко и мандатно и имунитетни прашања не е базирана на факти и аргументи, туку на желбата за политички реваншизам на СДСМ и кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, но и кон многу граѓани.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, што посочуваат од таму, не сака да дава легитимитет на овие противуставни одлуки.

- Лишувањето од слобода на пратеници е врвен доказ за непостоење на правен систем и непочитување на Уставот. Пораката што СДСМ ја прати со денешната одлука на партиската Комисија за мандатно-имунитетни прашања е дека СДСМ не сака да постои опозиција на нивното владеење ниту во Собранието, ниту надвор од него, стои во соопштението.

 

 

 

 

30.11.2017 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега