Сурово и вистинито: Изберете чорап и откријте се за вас

Многу работи може да научите за себе преку ваквите тестови кои можат да бидат забавни и поучни, па испробајте го и овој со видот на чорапи кои ги носиме.

1. Едноставни, еднобојни чорапи

Вие сте личност која знае како да ја заврши работата. Вие сте роден лидер, ги инспирирате другите луѓе и тие ве земаат за пример. Сериозни сте и одговорни, имате смисла за работа, па затоа и брзо напредувате. Бидете внимателни и не дозволувајте вашиот сериозен став да владее со вашиот живот. Сега е можеби идеално време да внесете малку забава во својот живот. Немојте да се плашите од опуштање.

2. Пругасти чорапи

Сакате сигурни нешта на кои можете да се потпрете. Како резултат на тоа, вие сте личност на која секој човек може да се потпре. Вашите роднини и пријатели знаат дека секогаш можат да сметаат на вас. Исто така, вие сте добар слушател. Другите доаѓаат кај вас за совет или често ви се доверуваат. Сигурно ги знаете сите тајни на вашите пријатели кои без проблем ги чувате во себе. Поради вашата доверлива природа, сите сакаат да бидат ваши пријатели, само внимавајте да им возвраќате со иста мера. Суштината на добрата комуникација лежи во рамнотежата помеѓу слушањето и споделувањето. Отворете се малку повеќе.

3. Чорапи со точки

Вие сте срамежливи и воздржани во однос на вашите пријатели и колеги. Наместо да барате внимание од нив, вие само мирно седите во аголот и набљудувате. Вашата срамежлива природа не ве прави здодевни, туку вие едноставно не чувствувате потреба да врискате од кров како што некои други луѓе од вашиот живот сакаат да прават. Сепак излезете малку од вашата ограда – тоа е секогаш добар совет, особено за некој како што сте вие. Па, доколку немате обичај да кажувате смешни приказни или вицови на забава, време е да подготвите нешто однапред и малку да повежбате. Вие можете сите да ги изненадите со вашата интелигенција и хумор.

4. Чорапи со ромбоиди

Вие сте авантуристи. Уживате во возбудата која доаѓа од преземањето ризици. Вие сте првата личност која секогаш предложува да се проба нова храна или да се истражи нов дел од светот. Понекогаш дури и попрво би скокнале од авион, отколку да одите во кафуле со пријателите. Вие сакате да живеете на работ и на вашите пријатели тоа многу им се допаѓа. Иако луѓето пробуваат да ве скротат, вие си останувате верни на себе. Потребна е храброст да се соочите со светот со тој авантуристички дух кој го имате. Кога станува збор за работа, вие се обидувате своите проекти да ги зачините со мала доза ризик. Можеби сега е вистинското време да го направите првиот чекор и да ја напишете книгата која отсекогаш сте сакале да ја пишувате или да започнете со работата која отсекогаш сте ја сонувале.

 

 

 

04.12.2017 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега