ВМРО-ДПМНЕ не влегоа на расправата за имунитет на пратениците

Напладне стартуваше расправата на Комисијата за мандатно имунитетни прашања во Собранието на која се разгледува барањето за одземањето на имунитетот на пратениците за настаните од 27. април во Собранието.

Членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ не се појавија на расправата, а Комисијата предложи одземање на имунитетите.

ВМРО-ДПМНЕ и за денеска од 18 часот најавија протест, а од 15 до 17 часот ќе бидат блокирани три раскрсници. 

ВМРО-ДПМНЕ и денеска ги повика членовите и симпатизерите од 15 до 17 часот да ги блокираат крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, кај Рампа во Кисела Вода и крстосницата помеѓу Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош.

 

 

 

 

30.11.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега