ВМРО-ДПМНЕ: Со зголемување на акцизата за дизел СДС удри по џебот на граѓаните

На прес-конференција денеска Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ  истакна дека граѓаните почнале на дело да ги гледаат лицемерните политики на СДСМ. и дека економијата доживеала крах за само неколку месеци:

– Вчера и официјално СДС во Собранието го изгласаа законот за поскапување на акцизата на дизелот за 3 денари. Со 47 гласа ЗА, СДС вчера одлучи директно да влијае врз осиромашувањето на граѓаните. Трошоците кај секое семејство, без разлика дали возат автомобил на дизел или патуваат со автобус, ќе се зголемат за плус една плата од 20.000 денари, плата која ќе им биде одземена на граѓаните. СДС со вчерашната одлука директно им стави рака во џеб на граѓаните, рече Костовски на прес-конференцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, политиката на СДСм дирекно удрила по џебот на граѓаните.

 

 

 

 

26.11.2017 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега