Загрижувачки пад на бројот на основци во Македонија - за 10 години 46.500 ученици помалку

За последниве 10 години, бројот на уениците во македонските основни училишта се намалил за дури 46.500. Лани во основно образование се запишале вкупно 198.856 ученици, додека пред десет години биле запишани 246.773 деца. Годинава продолжи падот на запишани првачиња во училиштата, па во основно образование се запишале 198.856 деца, а пред десет години оваа бројка беше 246.773 дечиња.

Ако се разгледуваат податоците по општини, бројките се различни. Најголем пад во бројот на запишани основци е забележан во општина Осломеј, за дури 36,8 %. 

Ако се гледаат податоците по општини, бројките се различни. На пример најголем пад во бројот на нови учесници по основните училишта има во општината Осломеј, за дури 36,8 отсто (во 2007 година во оваа општина имало 903 ученици во основното образование, а во 2011 година 553) . Во Зајас, пак, има пад од 35,5 отсто (во 2007 година во оваа општина имало 1.108, а во 2011 715 основци). МЕѓу рекордерите во пад на запишани основци се најде и општина Другово, со повеќе од 30 отсто пад (во 2007 година 250, а за оваа учебна година запишани ученици во основното образование се 173).

Но, во земјава има и општини каде бројот на основците расте. Меѓу овие општини се најде Аеродром за 9,9 отсто (во 2007 запишани биле 5.882, а во 2011 6.466), додека во Конче има раст од 6,5 %, во Василево за 4,4 %.

 

29.08.2013 - 15:16