Груевски: Нема контрадикторност во назначувањето на Димовски за претседател на Работната група

 

Премиерот Никола Груевски смета дека нема никаква контрадикторност во тоа што Илија Димовски е назначен за претседател на работната група која треба да ги спроведе препораките за инцидентите од 24 декември, а во извештајот на ад-хок Комисијата се откажал од правните квалификации.

- Нема контрадикторност од причина што работната група нема да се занимава со правните квалификации, туку со препораките за кои се постигна согласност во рамки на ад-хок Комисијата. И јас во моето излагање кажав дека правните квалификации се нешто што не го признаваме и немаме согласност, додека за препораките и заклучоците имаме заедничка согласност. И тука не би требало да има некои проблеми во комисијата, освен ако некој не сака да направи проблем, истакна Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоција на нови наслови од проектот за превод на 1.000 стручни и научни книги на кои се учи на најреномираните универзитети.

29.08.2013 - 15:02

најчитано сега