Димовски: Доколку опозицијата нема простор да влијае на процесите тогаш Собранието не е демократско

 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната собраниска седница остро регираше за прекршувањето на деловничките одредби и непочитувањето на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и потенцираше дека колку едно Собрание ќе биде демократско, зависи од тоа колку опозицијата ќе има простор да влијае на процесите.

-Во име на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата „За подобра Македонија“ остро регирам за начинот на кој се менаџира Собранието на Република Македонија, одвреме навреме добивам впечаток дека се нормалзира, но често се случува Собранието да завлезе во правец  кој што беше критикуван претходно. Ако имаше некаква критика од претходната Пратеничка група на СДСМ, пртеници кои сега се и членови на Владата денеска, беше за поставувањето на Собранието во потчинета улога спрема Владата и во делот на утврдување на агенди, утврдување на време на почеток на седница, утврдување на ден кога ќе се одржи седницата за пратенички прашања, вели Димовски.

Тој потенцираше дека Деловникот за работа на Собранието треба да биде почитуван како и законите на Република Македонија.

-Отука сакам да го напоменам и писмото кое што нашиот колега Трајко Вељановски го упати до јавноста и сите пратеници, со сите критики кои што се во него, треба сериозно и темелно да се анализра и да се отстранат сите нарушувања во работата на Собранието на Република Македонија од аспек на непочитување на Деловникот. Потеницирам дека 90% од законите кои ги процесоира Владата на РМ се по скратена постапка тоа не беше ветување кое што го дадовте Заев и тоа не е начин на градење на добри односи со опозицијата, вели тој.

Димовски додаде дека чувството на опозицијата е дека Владата сака да создаде лажен впечаток  за вклучување на опзицијата во реформите пред странските дипломати, односно  колку едно Собрание ќе биде демократско, зависи од тоа колку опозицијата ќе има простор да влијае на процесите.

 

 

 

24.11.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега