Нападнат скопјанец со нож

Нападнат маж во скопската населба Илинден.

Од полиција сопштуваат дека вчера во 10 часот и 39 минути 30- годишниот Б.А од населба Илинден, скопско, пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот, позади домот на културата во населба Илинден, бил пресретнат и физички нападнат од страна на две непознати лица.

- Едното лице со нож замавнало и го удрило во пределот на градите, а другото лице одзади го удрило со остар предмет во грбот и му нанеле повреди.  После тоа, сторителите избегале во непознат правец- се вели во соопштението. 

 Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

24.11.2017 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега