Димовски: Законот за јазиците има многу мани, надвор е од уставот и дискриминаторен кон помалите етнички заедници
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски од собраниската говорница го запраша премиерот Зоран Заев ,,Зошто владата го постави европското знаменце на законот со јазиците?’’.
Димовски потенцираше дека и еврокомесарот Хан вели дека овој закон не е дел од приоритетите на Европската Унија.
Според Димовски овој закон има голем број на мани, излегува надвор од уставните рамки и е дискриминаторен кон помалите етнички заедници. Со тоа што на овој закон е ставено европското знаменце, опструирана е дебатата со што е ограничена и амандманската расправа за овој закон.
Пратеникот истакна дека европското знаменце може да се постави на закон кој е дел од европското законодавство со цел усогласување со европската регулатива, во европското законодавство не постои ваков закон и токму поради овие неправилности требало да биде вратен на владина седница.
Со овој закон не се штитат интересите на граѓаните туку на политичките партии, овој закон е поставен на дневен ред како тема за градење на влади и коалиции додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа