ВМРО-ДПМНЕ: Под диктат на СДС судии со дупло помал стаж и драстично помалку бодови се избрани за судии во Апелација

 

Ништо од реформите во судството. СДС го клекнува на колена судскиот систем. СДС врши брутален притисок и невидена партизација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Судскиот совет отворено и под политички диктат го прекрши законот за судови во делот за избор на судии. Согласно член 46 став 1 алинеја 2 од законот за судови за судија за Апелациониот суд може да биде избрано лице кое: е оценет со највисока позитивна оценка и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број на бодови. Новоизбраните судии кои ги избра владата на Зоран Заев имаат помали оценки и помал стаж. Судии со дупло помал стаж и драстично помалку бодови се избрани за судии во Апелација. Тоа е така бидејќи зад нив стои партијата на власт. За судии во Апелациониот суд се избраа сопругата на членот на ДИК од СДС, Тања Милева и кумот на висок функционер од СДС, Зоран Герасимовски, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува Јавното обвинителство да реагира, и да го испита работењето на дел од членовите на Судскиот совет и јасното кршење на законот за судови член 46 став 1 алинеја 2.

-Со оваа одлука која е донесена од страна на владата на СДС очигледно се нарушени и барањата за реформи и препораките на Прибе, со што ВМРО-ДПМНЕ повикува и на реакција на Европската Комисија и сите релевантни субјекти на меѓународната заедница, велат од партијата.

 

 

 

24.11.2017 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега