Волерс: Извештајот на Комисијата за 24. декември е чекор напред кон ЕУ

Амбасадорот на САД, Пол Волерс оценува дека усвојувањето на извештајот за настаните од 24 декември лани е чекор напред кон ЕУ.

Одговорајќи на новинарски прашања по денешната посетата на општина Желино, Волерс нагласи дека постојат и други прашања што треба да се решат, но ова е навистина добар чекор напред.

- Иако САД не е членка на ЕУ, ова е многу значајно за натамошен прогрес кон Унијата. Постојат и други прашања што треба да се решат како Законот за медиуми и Избирачкиот список кои се посочени како важни од страна на ЕУ, но мислам дека ова беше чекор напред и задоволен сум што е дојдено до решение за ова прашање. Политиката продолжува и како што знаете постојано има нови проблеми и теми кои на долг рок треба да се решаваат ќе видиме како работите ќе се одвиваат во октомври, ноември и во иднина но ова беше навистина добар чекор напред, нагласи Волерс. 

29.08.2013 - 14:25