Уште два лекови на „Алкалоид“ се најдоа на европскиот пазар

По тригодишна процедура, Алкалоид доби одобрување за пласман на два свои лека на пазарите на земјите-членки на Европската Унија. Метадон ќе се продава во 11 европски земји, а Цефиксим (ПАнцеф), доби дозвола да се пласира во 12 земји членки на ЕУ.

Постапките за добивање на авторизациите за пласман на овие лекови се спроведени според најстрого регулираните процедури на Европската Унија, како што е Европската децентрализирана процедура, на чело со Агенцијата за лекови на Англија, како референтна држава, почитувајќи ги и националните специфики на другите земји вклучени во регулаторната постапка, како што се Германија, Полска, Шпанија, Австрија, Португалија, Италија, Чешка, Словачка, Романија и Унгарија.

Преку неколку свои производи, „Алкалоид“ годинава го постигна нивото на квалитет на земјите со најстроги регулаторни специфики во Европската Унија, покрај Англија, како што се: Германија, Франција, Австрија, Шпанија и Италија.

29.08.2013 - 13:57

најчитано сега