Автобус полн со Македонци се забил во кола во Австрија - едно лице загина

Едно лице загинало а повеќемина се повредени кога автобус во кој се превезувале 28 патници од Македонија вчера околу 22 часот се судрил со автомобил во близина на Шлибрах, Австрија, јавуваат локалните медиуми. Според информациите, починато лице е од автомобилот со кој судрил автобусот.
Нема информации кои се причините за сообраќајната несреќа.
Возачот на автобусот бил повреден и префрлен во болница, додека патниците поминале без посериозни повреди и со нов автобус околу 1 часот утрово биле испратени кон Македонија.

 

 

 

23.11.2017 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега