ЕВН продолжува да ги лови крадците на струја

 

 

ЕВН Македонија за една недела комплетираше нови 10 досиеjа за неовластено  користење електричната енергија. Новите откриени корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење.

Од ЕВН Македонија денеска соопштија дека овие корисници, како и предходно откриените 35 од почетокот на месецов влегуваат во судска постапка по која ризикуваат покрај високата парична казна да заработат и затворска казна во таење до 5 години.

Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вешти лица од почетокот на август открија 15 корисници кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа. Откриени се и 30 случаи на манипулирани броила, со што вкупната штета која што ја направиле крадците изнесува 6,5 милони денари или 1 милиони kWh.  

Полицијата и стручните лица од ЕВН Македонија, се вели во соопштението, ќе ги продолжат засилените контроли и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за  оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.

Од почетокот на годинава ЕВН Македонија откри 1.200 кражби на електрична енергија, штетата е 2,2 милони евра, државата е оштетена за процентот на ДДВ или крадците потрошиле 20 милони киловатчаса електрична енергија, соопшти компанијата.

29.08.2013 - 12:46

најчитано сега