Тројца скопски дилери паднаа во рацете на полицијата

Тројцата млади скопјани Ф.И., Д.С. и С.П. си заработија  кривични пријави, откако на 20. август годинава, во „БМВ“-то на Ф.И. полицијата затекнала еден килограм марихуана.

Според МВР,  полицијата го сопрела автомобилот на авотпатот Скопје-Тетово, кај клучката Групчин. Полицајците почнале да ги претресуваат тројцата скопјани кои се возеле во автомобилот, и кај Д.С. пронашла еден килограм марихуана. Тој рекол дека дрогата ја купил од Ф.И. и требало да ја однесат и препродадат во Охрид.

Ф.И. и Д.С. си заработија 30 дневен притвор.

29.08.2013 - 12:16

најчитано сега