Червар: Рано е за славје

Тренерот на Металург Лино Червар е задоволен од вчерашната победа, но, вели дека е рано за славење и дека има уште еден меч да се одигра.

Металург вчера одигра одлично во натпреварот против ПИК Сегед и го совлада со 10 поени разлика, односно со 26:16.

-Во минатото сум имал многу вакви квалификациски натпревари и сакам да потенцирам дека како што ние вечерва победивме со 10 гола разлика истото може да му се случи на Пик Сегед во реваншот. Затоа мораме да бидеме внимателни, концентрирани и да се подготвиме за реваншот. Мораме да одиме на победа и во вториот меч. Натпреварот во Скопје го доби добрата одбрана. Нема време ниту за славје, а уште помалку за одмор. Реваншот е в недела и ќе играме како да немаме никаква предност, вели тренерот на Металург.

29.08.2013 - 10:52
Фото: 
нова македонија