Тодоров во “инспекција“ на три клиники
Министерот за здравство Никола Тодоров синоќа заедно со претставници од неговиот кабинет ги посети Поликлиниката Букурешт (која е во рамки на Здравствен дом Скопје), Kлиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“, како и објектот на Мајчин дом.
Тодоров, соопшти Министерството за здравство, при посетата на поликлиниката Букурешт беше придружуван од директорката на Здравствен дом Скопје, д-р Татјана Баевска Вучковиќ, додека при посетата на Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски’’ од директорката Јасминка Чабуковска.
Во рамки на посетата на здравствените установи, министерот Тодоров ја разгледа инфраструктурата на објектите, можностите за подобрување на функционалноста и потреба од реконструктивни зафати, за што беше информиран и од страна на директорите.
Станува збор за една од редовните посети на Тодоров на јавни здравствени установи во насока на унапредување на условите за работа.