Бесими работно во Литванија

 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими ќе престојува во  официјална посета на Република Литванија.

За време на посетата тој ќе се сретне со министерот за надворешни работи Линас Линкевичиус, заменик претседателот на Парламентот, Витаутас Гапшис и со претседавачите на парламентарните комисии за европски прашања, надворешни работи и Групата за интерпарламентрана соработка со Западен Балкан, како и со претставници на Европскиот институт за родова еднаквост. 

На средбите, вицепремиерот Бесими ќе ги презентира активностите што се преземаат во Република Македонија во однос на процесот на европската интеграција и статусот на реализација на обврските кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво. 

29.08.2013 - 08:31

најчитано сега