Миле Хаџиски ги избегна Швајцарците - ќе биде ли екстрадиран во Македонија?

 

Зоран Томовиќ или Миле Хаџиски, кој беше уапсен на 19 август во близината Авињон на југот од Франција, по барање на Швајцарија и Македонија, нема да и биде испорачан на Швајцарија.

Одлуката на Апелацискиот суд од Ним ја образложи со фактот  дека Зоран Томовиќ имал француско државјанство во 2011. во моментот кога ги сторил делата за кои се бара во Швајцарија. Имено Франција не ги екстрадира своите државјани.

Што се однесува до барањето за екстрадиција од страна на Македонија, одлуката на судот од Ним е одложена за 25 септември.

Зоран Томовиќ или Миле Хаџиски во Македонија е осуден во отсуство на 20 години затвор поради убиство.  За разлика од делата за кои го товари Швајцарија, во случајот со Македонија  тој  во моментот немал француско државјанство. Интересно е дека истиот ден францускиот суд треба да се изјасни и за барањето на Хаџиски за пуштање на слобода.

Тој зад него има криминално досие, како осуда за убиство во Македонија во 1993 година, каде е баран за издржување на казната. Соред француските медиуими тој очигледно се криел во Франција при судењето во негово отсуство во Македонија. Во тој период успева да се ангажира во Легијата на странците на француската армија под туѓ идентитет со српско државјанство, при што не го открил своето минато.

Тој располагал со повеќе идентитети и се претпоставува дека и припаѓа на фамозната банда „Пинк Пантер“, во која оперираат криминалци од просторот на поранешна Југославија.

Апсењето од француската полиција е направено со меѓународен налог издаден од Македонија и Швајцарија. Тој успеал да побегне од швајцарскиот затвор Буа Мермет во Лозана во мај оваа година, за што јавија повеќе западни медиуми.

29.08.2013 - 08:11