ВМРО-ДПМНЕ: Младите се жртва на лагите на СДС

 

Крајно лицемерие е кога Дескоска зборува за образованието, демократијата и младите. Наводната загриженост и потребата од граѓански активизам се само димна завеса за кратењата во Буџетот за образование кои Дескоска ги премолче, а ги спроведе Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дескоска држи популистички говори, а во заднина од Буџетот за образование скрати 1.8 милијарди денари. Дескоска глуми лажна грижа за студентите и развојот на демократијата помеѓу младите, а за  изградба на факултети, кои треба  да бидат местото каде се усовршува мислата на еден млад човек скрати цели 268 милиони денари. Младите се излажани од СДС и тоа сега го гледаат. Младите се жртва на лагите на СДС, кои за само 6 месеци на власт покажаа како планираат да го водат секторот образование. Дескоска и СДС се демаскираа себе си. СДС не е за подобрување на стандардот на младите, образованието и демократијата. СДС со своите постапки на кратење спроведени во образованието покажа дека е за угушување на слободната мисла и демократијата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

20.11.2017 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега