Алегри го напушта Милан

Претседателот на Милан, Силвио Берлускони донел одлука да го смени тренерот Масимилиано Алегри, објавија медиумите во Италија.

Иако, актуелниот тренер на Милан има важечки договор до 2014 година, тој ќе добие отказ и со евентуално обезбедување на учество во Лигата на шампионите, единствена амбиција која му остана на Милан до крајот на првенството во Серија А.

Берлускони не бил задоволен од постигнатите резултати како и од играта на „миланезите“.

Како потенцијални наследници на Алегри се наведуваат Алесандро Костакурта, Марк Ван Бомел, Кларенс Сидорф и Лучиано Спалети.

На четири кола до крајот на шампионатот во Италија, Милан е во „мртва“ трка со Фиорентина за третата позиција која обезбедува квалификации за Лигата на шампионите.

најчитано сега