Шверцувал 20 кила марихуана - македонската полиција го фати
Приведено е и второто лице по кое скопското Обвинителство во март годинава поднесе кривична пријава за препродавање марихуана од Косово во Македонија.
СВР Скопје во март годинава поднесе кривична пријава до скопското Обвинителство против М.О.(39) и Д.И.(65) за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. По поднесената кривична пријава до ОЈО е предаден второпријавениот Д.И, додека првопријавениот бил недостапен за органите на прогон, соопшти МВР.
По преземени мерки со издаден централен распис на 15 ноември првопријавениот М.О. е пронајден и предаден на Обвинителството за понатамошна постапка.
Кривичното дело М.О.и Д.И. го сториле во текот на март 2017 година за понатамошно препродавање. Тие од лице од Косово, набавиле и организирале траспорт на наркотична дрога марихуана во количина од околу 20 килограми од Косово во Македонија.
Полицијата информира дека првопријавениот со цел да го организира транспортот стапил во контакт со второпријавениот и му понудил заедно да ја транспортираат марихуаната за определен паричен надомест. За таа цел од Агенција за изнајмување на возила, второпријавениот изнајмил возило марка Форд Транзит. Со изнајменото возило двете лица заедно се упатиле кон граничниот премин Долно Блаце и влегле во Косово. Се упатиле во Приштина, каде е извршено преземање на дрогата, по што лицата се упатиле кон Македонија. Кога пристигнале пред граничниот премин првопријавениот на Д.И. му дал инструкции како да го изврши транспортот преку границата со цел да остане незабележан, додека тој се упатил пешки да го помине граничниот премин.
На 21 март годинава околу 10:30 часот второпријавениот управувајќи го изнајменото возило, а по претходно зададени инструкции од првопријавениот, се пријавил за влез во Македонија на Граничен премин Долно Блаце при што царинските службеници му извршиле детален преглед на возилото во кое биле пронајдени вкупно 42 пакувања со непозната растителна материја и истите се одземени со потврда за привремено одземени предмети.
По извршеното вештачење утврдено е дека растителната материја во пакувањата е марихуана, со вкупна нето маса од 19,325 грама, соопшти полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа