Чувал стража додека ги убивале децата - МВР уапси уште еден осомничен за масакрот кај Смилковци
Сами Љута, лицето кое МВР го уапси на граничниот премин Блаце бил логистика на убијците кај Смилковското Езеро, јави Канал5. Телевизијата повикувајќи се на извори од истрагата објави дека Љута бил кај Езерото во моментот кога се случило убиството. Тој го обезбедувал местото и бил логистика на целиот терористички акт. Според претпоставките на истражните органи, тој во повеќе наврати бил на езерото уште пред да се случи масакрот и го проверувал теренот.
Тој е седмиот обвинет за убиството кај Смилковци. Двјца од обвинетите се во затвор во Косово, каде одлежуваат затворски казни за поседување оружје иако и двајцата во земјава се бараат за далеку посериозно дело како што е тероризам.
28.08.2013 - 23:36