Стојановски: Против мене никаде во светот не се води судски процес

 

Поранешниот македонски амбасадор Перо Стојановски реагира на веста која Presѕ24 ја превзема од интернет порталот на македонската дијаспора Фаланга. 

„Реагирам во врска со Вашиот натпис дека во понеделник во Канбера почнува судскиот процес против мене. Имено против мене никаде во светот не се води судски процес. На вашиот портал е изнесена клевата против мене со што е нанесена повреда на мојот личен интегритет.

Ве замолувам да ја одстраните дезинформацијата и јавно да се извините за направениот пропуст, во спротивно ќе морам да го заштитам својот углед преку судските инстанци во Република Македонија каде согласно Законот ќе покренам тужба за клевета, против Вашиот портал и Вас.“ - вели Стојановски во дописот испратен до нашата редакција.

Press24 јавно му се извинува на амбасадорот Стојановски, доколку сме пренеле неточна информација. Во текстот јасно се цитира изворот на информацијата, па оттука, уверуваме дека не станува збор за никаква тенденциозност и истовремено жалиме доколку сме придонеле за нарушување на угледот на поранешниот македонски амбасадор

28.08.2013 - 16:59

најчитано сега