Време: Утре нема да ни врне и ќе трпиме подносливи температури

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува повремен умерен ветер од северен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и малку посвежо со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 30 степени. 

28.08.2013 - 15:59