Пратениците напладне ќе гласаат за Законот за јазиците

 

Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да гласа за потребата од носење на Предлог - законот за употреба на јазиците, по што тој ќе влезе во втора фаза и пратениците ќе можат да поднесуваат амандмани по текстот. Владејачкото мнозинство вчера порача дека Македонија навлегува во фаза на градење доверба меѓу заедниците.

- Сакаме подобар систем, подобри закони, подобар живот за сите. Да испратиме порака дека Собранието ќе им ги гарантира сите права на граѓаните, независно од кој етникум доаѓаат и на кој јазик зборуваат, истакнаа пратениците од владејачкото мнозинство за време на расправата.

Се очекува, според најавите, опозицијата да не гласа за предлог-текстот во прво читање и, како што изјави вчера на пленарната седница Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, да поднесе повеќе амандмани со кои од законот ќе се тргнат одредбите кои се надвор од Уставот.

Опозицијата смета дека законот е неуставен, дека нема да биде применлив и дека ќе резултира со дополнителни фрустрации кај граѓаните. Амандманите за Предлог-законот ќе се разгледуваат на Комисијата за европски прашања, бидејќи законот е со европско знаменце. П

отоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата и финално изјаснување на пратениците по текстот. 

 

 

 

15.11.2017 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега